Дики Бортвик, за кого се верува дека е најстариот по возраст фудбалер во Велика Британија, одлучен е во намерата да најде нов клуб кој ќе го ангажира во своите редови.
80-годишниот Бортвик играше фудбал во секоја фудбалска сезона од 1958 година наваму, а тврди дека постигнал повеќе од 400 гола во својата кариера. Исто така, вели дека никогаш не добил жолт или црвен картон.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Бортвик играше за ветераните Вајк Ренџер во Дорсет цели четириесет години, а сега настапува само на хуманитарни натпревари.
„Проблемот е што нема многу клубови за ветерани. Уште поседувам неколку вештини, тоа не може да исчезне. Можам да играм на лево крило секој втор викенд“, вели Бортвик.