Дома Фудбал Германија Има ефект или ова се мерки само за пред камера? Бундеслигата во време на корона (ФОТО+ВИДЕО)

Има ефект или ова се мерки само за пред камера? Бундеслигата во време на корона (ФОТО+ВИДЕО)

Викендов Германците први се вратија на терените и сигурно беше убаво повторно да се гледа фудбал на највисоко ниво, иако тоа не беше фудбалот на кој сме навикнати сепак беше убаво.

Фудбалските фанови веќе два месеци се без врвен фудбал и без некакви посебни случувања и тоа беше навистина долг период. Кога е нормалната пауза за летните одмори помеѓу сезоните нема фудбал, но тогаш е отворен трансфер рокот, па и тоа како има случувања. Освен тоа тука се пријателските турнири, ова беше период во кој немаше апсолутно ништо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега кога се одигра барем едно коло на високо ниво (вечерва играат уште Вердер – Леверкузен) би можел да ги кажам моите впечатоци.

Чудно беше да се гледа просторот помеѓу играчите на клупите и ова за многумина е нелогично и непотребно.

Ова е прилично бизарно, па овие играчи дошле со ист автобус, биле во иста соблекувална и невозможно е да немале контакт помеѓу нив. Причината е веројатно само некакво прикажување пред јавноста за да се задржи свесноста помеѓу луѓето.

Уште една непотребна мерка која ја препиша Бундеслигата е онаа при прославата на головите, допирање само лактите и копачките. Зарем играчите немаат поголем контакт во текот на натпреварите? Веројатно и тука станува збор само за прикажување во некакво светло пред јавноста.

Сепак ова правило не беше секаде почитувано на натпреварите во Германија. Видовме како во натпреварот помеѓу Херта и Хофенхајм, Бојата го бакна Грујиќ. И ова е сосема разбирливо, па луѓе се имаат емоции, а како што споменавме правилото за допирање со лактите е бизарно затоа што само човек кој никогаш не играл фудбал може да каже дека би имало корист.

До мерките не се придружуваше и стоперот на Борусија Матс Хумелс. Тука веќе можеме да кажеме дека може да биде казнет со право. Хумелс повеќе несвесно сигурно го издува носот на теренот и тоа не е нешто за што ќе се зборуваше ако не беше пандемијата со коронавирусот, меѓутоа во ваков случај играчите треба да се воздржат.

Видовме и дека Германците ги дезинфекцираат топките кои се надвор во игра, оваа мерка сигурно е добра, меѓутоа колку навистина има ефект не можам да кажам, тоа може да го кажат некои стручни лица. Она што тука е чудно, топката е дезинфекцирана се почнува да се игра и таа може да помине подолг период додека биде сменета. Во тој период сигурно повеќе фудбалери ќе играат со неа и каква корист тука има дезинфекцијата направена пред да биде ставена во употреба?

Понатаму, зошто фудбалерите и судиите мораат да излегуваат одвоено на теренот? Немаат ли близок контакт во текот на натпреварот?

Тоа можете да го забележите на почетокот на видеото:

Како вас ви изгледа, дали навистина ова се мерки кои помагаат или пак се само за пред камери? Но, добро барем сега има некаков фудбал, што секако е подобро е од ништо…

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…