Тимот на Илија Несторовски, Палермо беше исфрлен во третата италијанска лига и сега се очекува тој и Трајковски да го напуштат клубот.
За Несторовски сега се појави една интересна опција и тоа во соседството. Како што објавија белградските медиуми, Црвена Звезда е заинтересирана во своите редови да го доведе македонскиот напаѓач.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, Црвена Звезда не е единствениот клуб кој сака да го доведе Несторовски. Во медиумите се споменуваа имињата на клубовите на Сасуоло, Болоња, Џенова (ако остана во Серија), како и хрватски Хајдук. Меѓутоа Несторовски ја одбил понудата да се врати во Хрватска.
Оваа сезона Несторовски постигна 15 гола и додаде пет асистенции во Серија Б за Палермо со кој заврши на третата позиција и се бореше за место во Серија А, но поради финансиски малверзации на претседателот клубот беше исфрлен еден ранг подоле.
Останува да се види дали Црвена Звезда ќе успее да го убеди Несторовски да потпише за нив. Ќе потсетиме оваа сезона Звезда за прв пат после 1992 година играше во Лигата на шампионите и треба да се спомене дека го победија финалистот Ливерпул.
Најголем белег од македонските фудбалери во Звезда оставија Дарко Панчев и Илија Најдоски кои во 1991 година станаа европски шампиони.