Вчеравечер Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид.
Јулиен Лопетеги и Сантијаго Солари не се прославија, па Перез го врати човекот кој три години во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Враќањето на Зидан беше проследено со еуфорија од страна на навивачите на Реал Мадрид, а истото важи и за легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас кој денес го брани голот на Порто.
„Целиот мој живот мислев дека враќање во иднината 2 е најдобриот втор дел на една приказна во светот, но повеќе не мислам така!!! Најдобриот втор дел е враќањето на Зидан во Реал Мадрид!! Со среќа!!“, гласи пораката на Касиљас преку неговиот Твитер профил.
Pensaba toda la vida que REGRESO AL FUTURO II era la mejor segunda parte de una película del mundo mundial pero no, me equivoqué!! La mejor segunda parte es el regreso de Zidane al Real Madrid, otra vez!! Suerte ?!! pic.twitter.com/7FJHPO4xcz
— Iker Casillas (@IkerCasillas) March 11, 2019
Зидан на претставувањето искажа задоволство од враќањето во клубот.
„Среќен сум што се вратив дома. Започнуваме со работа уште од утре. Перез ми се јави и веднаш го прифатив повикот. Не бев тука овој период, но се чуствувам како никогаш да не сум заминал. „Кога имате успех нормално е да бидете подржуван и сакан. Додека гледав од страна воопшто не бев среќен. Едноставно не можев да му кажам „не“ на Перез. Роналдо е минато и не треба да мислиме на негo“.
Французинот вниманието на претставувањето го привлече и со својот стајлинг.