После повеќе од еден месец, Мауро Икарди се врати во тимот на Интер.
Вчера Икарди беше стартер во натпреварот против Џенова во кој Интер запиша убедлива победа од 0:4. Икарди враќањето го обележа и со гол во мрежата на противникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак после се што се случуваше ултрасите на Интер не го дочекаа Икарди со воодушевување.
Претходно навивачите на Интер испратија писмо до клубот со кое порачаа дека Икарди не е потребен на тимот.
На „Луиџи Ферарис“ вчера јасно можеше да се види дека ултрасите се уште не му простиле на напаѓачот. Кога Икарди погоди дел од навивачите започнаа да слават, но тогаш добија наредба од предводникот да бидат мирни и да не го слават голот на човекот кој за нив е „предавник“.
Icardi scores, but chiefs of Inter hard fans tell fans not to celebrate
(Inter ultras released a very harsh statement against him) pic.twitter.com/4stwXFWAA5— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 3, 2019