Дебито во Лигата на шампионите го обележи со фантастичен гол, но и понатаму барем според медиумите на Апенините е далеку од договор со клубот.
Ванда Нара, односно госпоѓа Икарди и понатаму преговара со клубот, но засега директорите одолеваат кога во прашање се барањата на неговата сопруга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На мастата е продолжување на соработката до 2023, но и понатаму постои проблем околу висината на договорот.
Напаѓачот бара да биде втор најплатен играч во Серија со осум милиони евра по сезона, тоа би го сместило прд Игуаин и Дибала, додека Интер нуди 6.5
Се преговара и за клазулата, таа изнесуваше 110 милиони евра во првите 15 дена од јули, но во тој период ниту еден клуб не испрати таква понуда.
„Нероаѕурите“ бараа неговата откупна клазула да се подигне на 130 милиони. Икарди би се согласил, но само ако клубот го направи втор најплатен играч во Серија А.
Клубот не брза, капитенот и неговата сопруга сигурно би сакале што побрзо да ја завршат работата, иако изгледа дека никој нема интерес да не дојде до договор.