Мауро Икарди дебитираше во Лигата на Шампионите за ПСЖ, уживајќи во победата над Реал, но се шпекулира дека само привремено ќе биде во Париз.
Имено, италијанските медиуми пренесоа дека тој планира да се однесува како Салах своевремено, кога Египќанецот одби да остане во Фиорентина која сакаше да го откупи неговиот договор од Челзи. Египќанецот замина во Рома и останатото е историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди е на позајмица до крајот на сезоната, ПСЖ може да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра, но постои во договорот клаузула дека Аргентинецот тоа може да го одбие. Тој си замина на позајмица за да го продолжи договорот со Интер на година дена, но некои извори тврдат дека има план да се врати во Италија.
Јасно дека тоа би предизвикало револт на „Меаца“, каде што едвај се ослободија од него. Неговата цел е да живее во Италија со семејството, а би прифатил и евентуална понуда од Јувентус која тешко дека ќе постои.