Нajпознатата фудбалска менаџерка Ванда Нара на својот Инстаграм објави фотографија за која италијанските медиуми заклучија дека може да го открие новиот клуб на Мауро Икарди.
Ванда е негова сопруга и менаџер, а фотографијата е направена во Турција каде Икарди игра за Галатасарај, пред да снимат заедно реклама. Она што го поттикна интересот во јавноста е тренерката што ја носи менаџерката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фотографијата го открива логото на Јувентус, а тоа беше доволно да ги подгрее гласините за можниот следен клуб на Икарди. Аргентинскиот фудбалер најголемиот дел од кариерата го одигра во Италија..
Икарди со 18 гола е втор стрелец во Турција, со гол помалку од Един Џеко од Фенербахче. Вкупно постигна 47 гола на 65 натпревари и додаде 19 асистенции за Галатасарај, со која е под договор до летото 2026 година.