Американскиот новинар Бил Симонс објави луда прогноза за следната сезона, што според многумина е тешка за остварување, а станува збор за иднината на Леброн Џејмс.
Новинарот смета дека Џејмс ќе се пресели во редовите на Далас маверикс и ќе игра со словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интересно е тоа што Симонс во 2018 година прогнозираше дека Џејмс ќе се пресели во Лејкерс.
„Мислам дека Грин ќе заврши во Далас, покрај Ирвинг и Дончиќ, а друштво ќе им прави и Леброн. Тоа е мојата прогноза за следната сезона“, кажа новинарот.
Далас маверикс во моментов е во лоша позиција и ги чека тешка битка за пласман во плејофот на НБА-лигата.