Голема прашина во српските медиуми се крена по повод наводната изјава на легендарниот судија Пјерлуиџи Колина за голот кој го постигна Ричмонд Боакје во вечното дерби.
За погодокот на Боакје не може со сигурност да се каже дали топката ја поминала гол линијата, едните тврдат едно, другите друго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колина наводно гостувал во италијанската радио емисија „Топ гол“ во која кажал дека топката ја поминала линијата и дека и тој би покажал на центарот. Оваа вест утрово беше главна во медиумите во регионот.
Сега според дописникот од Италија за српскиот „Неделник“, Желјко Пантелиќ кој во Италија работи како радио водител во прашање го доведе и постоењето на таква емисија.
„Можеби емисијата ипостои, но нема никакво влијание на слушаноста. Тешко дека Колина изјави нешто такво. Радио станиците не зборуваат ниту за Премиер лигата бидејќи не ги интересира премногу, а не па за некое друго првенство, посебно српското“, изјави Пантелиќ кој е водител во најслушната спортска станица во Рим.