Аргентинецот Ренцо Оливо ја забележа најголемата победа во кариерата откако во првото коло на Ролан Гарос го елиминира домашниот фаворит Жо-Вилфред Цонга.
Дуелот на Аргентинецот и Цонга се играше два дена бидејќи во вторникот беше прекинат, и тоа при водство на Оливо 7:5, 6:4, 6:7, 5:4.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пласман во второто коло Аргентинецот избори денес откако успеа да го добие десеттиот гем од четвртиот сет. Во решавачкиот гем Цонга не реализира три топки за брејк, а потоа Оливо со прекрасен форхенд си обезбеди пласман во второто коло.
Противник на Аргентинецот во втората рунда ќе му биде Британецот Кајл Едмунд.