Реал Мадрид по се изгледа ќе биде активен во овој преоден рок.
После веста дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го доведе стоперот Милитао од Порто кој има откупна клазула во договорот, сега пристигнува и информација дека „кралевите“ ќе се обидат да обезбедат засилување и во нападот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како што пишува српскит „Моцарт“, Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе фудбалерот кој е сензација во Бундеслигата, Лука Јовиќ!
Навистина, на Реал му е потребен голгетер. Герет Бејл повторно е повреден, Маријано Диаз исто така е на листата повредени, па Карим Бензема кој не задоволува останува како единствената опција. Според голем број навивачите на Реал Мадрид, време е веќе клубот да доведе замена за Бензема.
Поради сето ова, но трансфер политиката која во последно време ја практикуваат „кралевите“ со доведување на млади играчи не е невозможно Јовиќ да заврши во Реал овој јануари.
Јовиќ игра фантастично во дресот на Франкфурт во Бундеслигата, а претходно се поврзуваше со Баерн Минхен и Наполи.