Како што пренесуваа италијанските медиуми, главна цел на Рома во летниот преоден рок ќе биде пронаоѓање на наследник на Даниел Де Роси.
Според последните информации Рома преодниот рок кој е пред нас ќе се обиде да го доведе Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај проблемите со финансикиот фер-плеј Рома ова лето ќе се обиде да ги реализра своите големи планови. Според „Кориере Дело Спорт“ главна цел на Рома ќе биде доведување на Ковачиќ кој би го заменил ветеранот и легенда на римијаните, Даниеле Де Роси.
Меѓутоа доколку Рома сака да го оствари овој план ќе мора и да продаде некои фудбалери, но пред се да се избори за едно од првите четири места оваа сезона кои водат во Лигата на шампионите.
Ковачиќ со евентуален трансфер во Рим после три години поминати во Мадрид би се врати во Италија каде што од 2013 до 2015 година го носеше дресот на Интер.
Еден од фудбалерите кои би можеле да ја наполнат касата на „волчицата“ за доведување на Хрватот е Един Џеко кој се очекува да замине за околу 25-30 милиони евра.