Дома Топ вести Изненадување на денот: Марсело пред договор со премиерлигаш!

Изненадување на денот: Марсело пред договор со премиерлигаш!

Вистинско изненадување може да видиме во последниот ден од преодниот рок – Марсело може да го гледаме во Премиер лигата!

Повеќе извори од Островот пренесуваат дека Бразилецот е блиску до договор со Лестер. Легендарниот Марсело летово го напушти Реал Мадрид како слободен играч и беше во потрага по нов клуб.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во еден период се поврзуваше со Ница во Франција, потоа се најавуваше дека може и да ја заврши кариерата, но изгледа дека понудата од премиерлигашот ги променила неговите планови.

Би било навистина интересно да го гледаме Марсело во англискиот фудбал, но да почекаме до крајот на денот да видиме што ќе се случува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…