Taлентираниот српски фудбалер, Матеја Поповиќ во јануари ќе го засили Милан, потврдуваат извори од Италија.
Оваа информација уште во ноември ја објави италијанскиот новинар, Матео Морето, а сега стигна потврда дека трансферот ќе биде реализиран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Планот е Поповиќ да пристигне во Италија во јануари кога ќе наполни 18 години (8. јануари). Помеѓу новинарите кои потврдуваат дека договор е постигнат се и познатите експерти за трансфер пазарот, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.
Поповиќ со Милан би требало да потпише договор на четири ипол години, односно до крајот на летото 2028 година. Најавите се дека веднаш ќе биде вклучен на тренинзите со првиот тим.
Станува збор за фудбалер роден во Германија, а во 2019 година пристигна во младинскиот погон на Партизан од Војводина. Посебно се истакна на Европското првенство за играчи до 17 години каде што на четири натпревари запиша четири асистенции.
. @acmilan, accordo per Matija #Popovic: i dettagli https://t.co/thByr2l7Fz
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) December 5, 2023