Дома Топ вести Изненадување: Меси се враќа многу побрзо од очекуваното?

Изненадување: Меси се враќа многу побрзо од очекуваното?

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси би можел да се најде во тимот многу брзо од она што се очекуваше – веќе против Интер!

Каталонскиот „Спорт“ пишува дека Меси се опоравува многу побрзо од очекуваното и според информациите доколку во наредните два дена нема компликации извесно е дека Меси би можел да конкурира за место во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дури постојат шанси Меси да биде и во стартниот тим.

Аргентинецот ја обнови повредата на листото на 24-ти септември во натпреварот против Виљареал, а оваа сезона одигра само два натпревари.

Барселона на стартот од Лигата на шампионите ремизираше против Борусија Дортмунд (0:0), а во среда на свој терен ќе го пречека Интер.

Екипата на Ернесто Валверде следниот викенд во Ла Лига на „Камп Ноу“ ќе игра против Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува прво засилување за Керик

Манчестер Јунајтед многу брзо би можел да го реализира првиот трансфер по промените на клу…