Дома Фудбал Останато Изненадување за Сити: Де Брујн сака да биде најплатен во Премиер лигата!

Изненадување за Сити: Де Брујн сака да биде најплатен во Премиер лигата!

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити се соочува со проблем – Кевин Де Брујн ја одбил првата официјална понуда од Сити за продолжување на договорот!

Де Брујн во овој момент е втор најплатен играч на Сити со 310.000 евра основна плата или вкупно 345.000 со бонуси. Поголема плата има само Рахим Стерлинг (за 20.000 евра). Британски „Тајмс“ пишува дека понудата на Сити вклучувала покачување, но не такво какво што очекувал Де Брујн.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Манчестер шпекулираат дека Де Брујн сакал да биде најплатен играч во Премиер лигата. Ако тие информации се точни Сити ќе мора да понуди повеќе од 415.000 евра неделно, сума со која Давид Де Геа во овој момент е најплатениот во ПЛ.

Доколку се погледне квалитетот на Де Брујн и неговото значење за тимот тогаш веројатно и има право да бара такво нешто. Посебно кога ќе се спореди со Рахим Стерлинг од кого реално има далеку поголем допринос.

Де Брујн е избран за играч на сезоната и најдобар играч за врска во Европа и неколу години наназад е клучен во играта на „граѓаните“. Оваа сезона тој собра 12 асистенции на 18 натпревари во сите натпреварувања.

Треба да се спомене дека и покрај тоа што ја одбил првата понуда тоа не значи дека Де Брујн за брзо ќе си замине од Сити, тој секако има важечки договор до јуни 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…