Дома Топ вести Изненадување: Барса се насочува кон ѕвездата на Арсенал

Изненадување: Барса се насочува кон ѕвездата на Арсенал

Барселона има нова трансфер цел која ќе се обиде да ја реализира до крајот на денот, пред и официјално да биде затворен трансфер пазарот во Шпанија.

Како што е познато, клубовите од Примера имаат шанса да привлекуваат играчи 24 часа полсе затворањето на трансфер пазарот во другите најсилни европски лиги.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поради тоа Барселона денес ќе има испрати нова, последна понуда за Филипе Кутињо, но најавите од англиските медиуми се дека и таа ќе ќе биде одбиена од страна на Ливерпул.

Поради тоа Барселона мора да има „план Б“, па покрај Анхел ди Марија и Ријад Марез, шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците ќе се насочат кон ѕвездата на Арсенал, Месут Озил.

„Кадена Копе“ тврди дека „топџиите“ бараат 60 милиони евра за Германецот чиј што договор истекува на крајот на сезоната, а Барселона нема да има проблем да ја плати таа сума.

Барселона наводно веќе започнала преговори со Арсенал, а можно е во трансферот да биде вклучен и Арда Туран, доколку Федерацијата му дозволи на „топџиите“ да можат и денес да регистрираат нови играчи.

Итересно е што Озил е поранешен фудбалер на најголемиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид со над 100 настапи за „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…