Дома Фудбал Италија Изненадување: Анчелоти во завршни преговори – не е ниту Јувентус, ниту репрезентацијата!

Изненадување: Анчелоти во завршни преговори – не е ниту Јувентус, ниту репрезентацијата!

Карло Анчелоти е човекот кој овие денови е навистина актуелен во Италија.

Долго време се чекаше неговиот одговор за превземање на репрезентацијата на Италија, на крајот истиот беше негативен, па сега започнаа гласините кои поврзуваат со првите два клба на табелата во овој момент.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека доколку Масимилијано Алегри го напушти Јувентус, „старата дама“ ќе се обиде да го доведе Анчелоти.

Веќе денес стигнуваат нови информации – Анчелоти преговара со Наполи!

Аурелио Де Лаурентис во својата последна изјава (можете да ја прочитате тука) најави дека Наполи веќе има спремено замена за Маурицио Сари и дека нема многу да жалат доколку тој замине.

Сега италијанскиот сајт „oracolorn.it“ пишува дека наводно Наполи се договорил со Анчелоти на соработка од две години, иако засега не е ништо потврдено.

Доколку ова навистина е точно, Италијаните сметаат дека токму ова може да биде клучниот чекор на Наполи кон правењето тим за Скудето и конечно прекинување доминацијата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги …