Дома Фудбал Италија Де Лаурентис го обвини Сари, но и порача: Калчополи беше преблаг за Јувентус!

Де Лаурентис го обвини Сари, но и порача: Калчополи беше преблаг за Јувентус!

Аурелио Де Лаурентис во последната изјава имаше свое шоу во кое повторно го обвини Јувентус, но и најави дека Сари би можел да го напушти Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Што е до мене би сакал да остане, но нема да плачеме доколку замени. Имаме неколку опции“, изјави Де Лаурентис кој потоа не пропушти да испрати „отровни стрелки“ кон Јувентус.

„Секогаш тврдев дека Калчополи е преблаг кон Јувентус, никој не смее да оди против семејството Ањели. Сепак мораме да биде чесни, имавме шанси да ја зголемиме предноста, но не можеше секогаш да играш со исти фудбалери, поради тоа и паднавме во финишот“.

„Секогаш игравме со ист тим, доколку не се повредеше Гулам не би знаеле дека Марио Руи е добар играч“, истакна Де Лаурентис.

Оваа негова изјава може да се сфати и како обвинување кон Маурицио Сари.

Иначе медиумите во последните денови на големо пишуваат дека Сари ќе го напушти Наполи ќе го наследи Антонио Конте во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Втор ветеран се договори со Челси

Поранешниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон постигнал договор за две години со Челси,…