Дома Фудбал Англија Изедначен рекорд во Англија: Пенал серија траеше скоро колку едно полувреме (ВИДЕО)

Изедначен рекорд во Англија: Пенал серија траеше скоро колку едно полувреме (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу англиските нисколигаши пенал серијата траеше повеќе од половина час.

Таунтон Таун и Труро Сити изведоа дури 34 пенали за да се реши победникот во регионалниот Челенџ куп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


После 90 минути игра беше 2:2, а после продолженијата 3:3. Тогаш следуваа пенали кои траеа 34 минути, изведени беа дури 34 пенали. Играчот на Таунтин, Џек Рајс го постигна голот за крај на маратонскиот рулет.

Со ова воедно е изедначен рекордот за најдолга пенал серија во Англија бидејќи во натпреварот на екипите на Челзи и Оксфорд до 23 години исто така беа изведени 34 пенали.

Кога во прашање е светскиот рекорд, тој е забележан во 2005 година кога КК Палас го совлада Сивик со 17:16 после 48 пенали во Намбискиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакуларно враќање на Канте во Европа? Познато кој клуб го сака францускиот фудбалер

Нголо Канте веќе некое време игра во Саудиска Арабија, но би можел да се врати во Европа. …