Дома Трансфер зона Изгледа е толку: Дојде Германецот и стави крај на случајот „Нејмар“!

Изгледа е толку: Дојде Германецот и стави крај на случајот „Нејмар“!

Шпанските новинари објавија нови информации и случајот „Нејмар“ изгледа е завршен уште пред да биде отворен трансфер пазарот!

Имено, после разговорот со Томас Тухел, Нејмар донел одлука – останува во ПСЖ!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што се наведува Нејмар и не сакал толку силно да замине, неговиот татко преговарал со Реал и тоа е точно, но играчот ставил точка на сите шпеклуации.

Германецот го убедил Нејмар дека тој ќе ја има главната улога, но и дека ќе комплетира доволно добар тим кој ќе конкурира за титулата шампион на Европа.

Како што пишува „АС“, ПСЖ јасно му ставил до знаење на Реал дека нов светски рекорд за Нејмар не е доволен и дека тој во овој момент нема цена.

Покрај тоа, во секој момент се очекува и потврда на трансферот на Џанлуиџи Буфон, клубот ќе ги задржи најголемите ѕвезди, но и ќе се обиде дополнително да се засили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…