Денес беа извлечени паровите за Вимблдон.
Во понеделник започнува третиот Грен Слем во сезоната, а денес беа извлечени паровите за првото коло и костурот до финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ ќе биде Филип Колшајбер против кого оваа сезона веќе играше три пати.
Колшајбер на Индијан Велс покажа дека може да го изненади Ѓоковиќ, Германецот тогаш славеше со 2:0 за потоа во Монако да пружи силен отпор, но сепак Ѓоковиќ победи со 2:1. Во Рим Новак доминираше и му препушти само три гејма.
Надал во првото коло ќе игра против Сугита додека во второто коло ќе игра против Ник Кирјос. Федерер кој има улога на втор фаворит ќе игра против Харис, а во втората рунда не би требало да има проблеми против Кларк.