Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, во 2003. година имал шанси да биде дел од екипата на Сошо, но францускиот клуб не сакал да плати 5 милиони евра кои ги барал загребски Динамо, истакна тогашниот скаут на францускиот клуб, Мехмед Баждаревиќ за „Франс Фудбал“.
„Потсетуваше малку на мене иако беше пожилав и послаб. Со исклучителна леснотија дриблаше, имаше изразена контрола на топката и течност во играта. Се заљубив во него. Но, беше престар за да настапува со помладите“, истакна тој.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баждаревиќ го препорачал Модриќ. Отако Сошо покажал интерес, и откако слушнал дека Динамо бара 5 милиони евра се повлекол сметајќи дека тој износ е преголем.
„Нека биде јасно, јас прв го воочив, но не можевме да плативме толкава цена“, додаде Баждаревиќ.
Но, се чини Лука Модриќ засега има одлична кариера, а што би било кога сето ова би течело во поинаква насока, не би можеле да знаеме.