Авионот во кој се наоѓал фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс излетал од пистата во саботата, пренесуваат белгиските медиуми.
Мертенес отпатувал во Белгија со цел таму да го продолжи процесот на рехабилитација од повредата на глуждот и изнајмил приватен авион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авионот на хрватска компанија излетал од пистата при слетувањето поради големите врнежи на дожд.
За среќа била избегната трагедија, па фудбалерот и пилотот поминале без повреди. Покрената е истрага за несреќата, а фудбалерот и неговите агенти не се огласуваат.
A private jet with Napoli forward Dries Mertens (and his dog) overran the runway of the Antwerp Airport on Saturday, where he was heading for his recovery from his ankle injury. Both were OK.https://t.co/829nZbHxx8 (@sportwereld_be) pic.twitter.com/XbyUGbPWNd
— Vince Van Genechten 🇮🇹 (@VVGenechten) February 3, 2021