Гонзало Игуаин после само шест месеци ќе го напушти Милан и е на чекор од трансфер во Челзи.
Лондонскиот клуб ќе го доведе Игуаин на позајмица до крајот на сезоната за 9 милиони евра, а следното лето ќе може да го откупи неговиот договор за додатни 36 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игуаин веќе ги договори личните услови со Челзи, а англиските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот ќе биде еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.
Имено, Игуаин неделно на „Стенфорд Бриџ“ ќе заработува 270.000 фунти, со што ќе влезе во Топ 5 најплатени фудбалери на Островот.