Дома Фудбал Останато Игуаин за времето во Реал: Постигнав 26 гола, а клубот ги доведе Бензема и Кака

Игуаин за времето во Реал: Постигнав 26 гола, а клубот ги доведе Бензема и Кака

Гонзало Игуаин зад себе има богата европска кариера.

Денес 33-годишниот аргентински напаѓач игра во МЛС екипата на Интер Мајами, а може да се пофали дека го носеше дресот на вистински великани во светскиот фудбал.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кариерата ја започна во Ривер Плата, играше шест години во Реал Мадрид, а потоа настапуваше за Наполи, Јувентус, Милан и Челзи.

Во разговор за „ЕСПН“ Игуаин се потсети на својот престој во Мадрид каде што постигна 121 гол на 264 натпревари.

Капело ми даде шанса да играм и во првата сезона постигнав 26 голови, а Кристиано постигна 27. Тогаш во текот на летото ги доведоа Бензема и Кака, бев изненаден. Си помислив: Па колку гола треба да дадам?! Јас постигнувам голови и ги доведувате Бензема и Кака?!“

Сепак, Бензема го памети по добро.

„Карим направи да го дадам најдоброто од себе, беше здрава конкуренција. Сега сите гледате каков напаѓач е. Штета што не игравме подолго време заедно“, изјави Игуаин.

Интересно е што во изјавата Пипита го погреши бројот на головите. Тој постигна 27 голови, а Роналдо еден гол помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…