Во чудна ситуација се нашол фудбалерот на Вулверхемптон.
Вулверхемптон продолжи со добрите резултати во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера овој тим го совлада Пјуник со убедливи 4:0 што премиерлигашот го става во одлична поожба пред реванш натпреварот и очекуваното дерби во квалификациите со Торино.
Многу навивачи денес на гостувањето во Ерменија се исплашија кога забележаа дека помеѓу играчите за настап го нема Адама Траоре. Бидејќи беше последен ден од преодниот рок се помисли дека Траоре ќе го напушти клубот.
Сепак, подоцна е откриено дека Траоре се обидел да се качи на летот за Ерменија со лична карта. Играчот со потекло од Мали помислил дека пасош за ова патување нема му биде потребен и очекувал дека ќе отпатува само со лична карта па не бил во можност да му помогне на својот тим кој за негова среќа запиша супер резултат.