Дома Фудбал Останато Пред три години работеше во пекара, а сега ќе игра во Премиер лигата

Пред три години работеше во пекара, а сега ќе игра во Премиер лигата

Вчера Вулверхемптон го комплетираше трансферот на Матеус Нуњес од Спортинг Лисабон за 45 милиони евра и тоа е клупски рекорд за овој клуб.

23-годишниот фудбалер потпиша договор со премиерлигашот до 2027 година. До пред само три години неговиот живот многу поинаков. Нуњес растеше во фавелите на Рио Де Жанеиро, а идол му бил легендарниот Роналдињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговиот пат до успехот воопшто не бил лесен, до пред три години тој работеше во пекара за да помогне неговото семејство да се прехрани.

„Немавме што да јадеме, мајка ми постојано беше на работа. Токму поради нејзе го заскав фудбалот. Пресреќена е за мене и се уште се прашува како во таква околина не станав крадец или дилер, туку го избрав спортот“, изјави Нуњес.

Работата за него не била избор, туку морал тоа да го прави.

„Немав избор, морав да работам во пекара пет-шест месеци. Попладне бев на натпревар или на тренинг, а наутро работев. Секој ден морав да стојам на нозе по неколку часа, а потоа ми следуваше тренинг. Не беше лесно, но никогаш не се откажав и верував дека можам да успеам“, открива талентираниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…