Милан откако доби нови сопственици доживува вистинска ренесанса. Го вратија Паоло Малдини во тимот, а како шлаг на тортата пристигна Гонзало Игуаин од Јувентус.
„Скај Италија“ пренесува дека левиот бек на „росонерите“ Рикардо Родригез одбил да се пресели во ПСЖ, бидејќи сака да остане во Милан.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот клуб понудил 35 милиони евра за неговиот потпис, а на Швајцарецот му понудиле двојно поголема плата, но понудата сепак била одбиена.
Родригез верува во новиот проект на клубот и не сака да го напушти „Сан Сиро“. Тој пристигна минатото лето од Волфсбург за 15 милиони евра и одигра солидна сезона во црвено-црниот дрес.