Реал Мадрид вчера го доживеа првиот лигашки пораз во сезоната и така првото место и го препушти на Барселона.
„Кралевите“ и гостуваа на Мајорка и не се прославија. Домаќините славеа со 1:0, а голот на одлука во седмата минута го постигна Лаго Жуниор.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Стартер за гостите на овој натпревар беше Алваро Одраиола кој порано го заврши натпреварот поради втор жолт картон во 74-тата минута.
Инаку, неколку часа пред натпреварот младиот дефанзивец на Реал купи коњ кој го плати 50.000 евра.
Одраизола е познат како вљубеник во коњи и е сопственик на коњачки клуб, па поради тоа и не чуди што го купи најскапиот на вчерашната аукција.