Дома Фудбал Репрезентации Играчот кој Меси го нарече глупак: Барем сега ми го знае името…

Играчот кој Меси го нарече глупак: Барем сега ми го знае името…

Натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија во четвртфиналето на Светското првенство сигурно беше еден од најтензичните на целиот Мундијал.

Во тој натпревар видовме разни вербални дуели, а во неколку од нив учествуваше Меси. Откако се расправаше со Ван Гал на теренот Меси продолжи со двојниот стрелец за Холандија, Вегхорст во микс-зоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Додека Меси дваше интервју поради некоја причина довикна до Вегхорст кој беше во близина.

„Кога сум на теренот за мене сите се еднакви, се боревме и покажавме дека имаме одлична репрезентација. Меси многу го почитувам, сигурено е еден од најдобрите на сите времиња, сакав само да покажам почит и да му подадам рака, но очигледно не прифати.

Тој ја фрли раката и го одби поздраот. Беше разочарувачки да се слушне такво нешто од него, но барем сега знае за моето име, иако не разбирам многу шпански знам дека кажа непочитувачки зборови“, изјави Вегхорст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…