Дома Фудбал Италија Играчот за врска на Сампдорија: Во клубот беа 15 заразени, сега можеби се и повеќе

Играчот за врска на Сампдорија: Во клубот беа 15 заразени, сега можеби се и повеќе

Пандемијата од коронавирусот најсилно ја погоди Италија која се бори со сите сили, меѓутоа ситуацијата не се менува.

Шпански Алавес денес објави дека дури 15 членови на тимот се заразени со коронавирус, а истата бројка ја има Сампдорија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Играчот на овој клуб Јакуб Јанто за чешките медиуми потврди дека 15 членови на клубот се погодени од вирусот.

„Затворени сме во своите домови со семејствата. Не можеме да одиме никаде, во ограничен простор сме. Бев во директен контакт со заразените соиграчи. Дури 15 луѓе во клубот се заразени, но можеби тоа веќе не е случај, бројот можеби е веќе и поголем“, изјави Јанкто.

Тој се чувствува добро, но не е сигурен дека не е заразен.

„Не сум сигурен дека сум здрав, се чувствувам добро и се надевам дека не сум заразен. Можеби го имам вирусот, а се уште не знам за тоа. Можам само да ги следам препораките ништо повеќе“, додаде играчот за врска на Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем ја „краде“ големата желба на Челзи

Откако пропушти неколку трансферни цели, Тотенхем продолжува да се залага за засилување во…