Дома Фудбал Останато Играчите на Реал чудесно се опоравуваат кога ќе го напуштат Мадрид (ФОТО)

Играчите на Реал чудесно се опоравуваат кога ќе го напуштат Мадрид (ФОТО)

Mногу играчи на Реал Мадрид овој викенд се на должност кон своите репрезентации.

На репрезентативните собири отпатуваа Герет Бејл и Хамес Родригез иако и двајцата беа повредени и не тренираа во Реал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, вчера Бејл проблем одработи тренинг со своите соиграчи од репрезентацијата. Денес пак Хамес Родригез тренираше со репрезентацијата на Колумбија иако во Реал не тренира 15 дена.

Колумбиецот ова лето се врати од позајмицата од Баерн и изгледаше дека ќе го поправи својот однос со Зидан, но изгледа се случи спротивното, го влоши.

Сега Рордигез кој не тренираше во последните 15 дена за Реал веројатно ќе настапи за Колумбија во натпреварот против Перу кој се игра на 15-ти ноември. Останува да се види како на ова ќе реагира Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатна сума: Алонсо ќе добие голема отштета за отказот во Реал!

Иако во Мадрид беше прифатен како човекот со кој почнува новата ера на Реал, Xabi Alonso п…