Дома Фудбал Играчите на Реал нема да излезат од авион ако не им биде гарантирана безбедност

Играчите на Реал нема да излезат од авион ако не им биде гарантирана безбедност

Популарното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид еднаш беше одложено, а на една недела пред почетокот никој не се осмелува да им гарантира безбедност на фудбалерите на „кралскиот“ клуб во каталонската престолнина.

Локалната каталонска власт уште нема дадено никаков став за натпреварот, а Реал Мадрид остануваат на планот нивниот хотел да биде на само 800 метри од „Ноу Камп“, а исто така не планираат да преноќат во градот – мечот треба да почне во 20 часот и тие планираат да дојдат и да заминат во ист ден.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За полицијата најкритично би било движењето на фудбалерите на Реал од аеродромот во Барселона до хотелот, а потоа и од хотелот до „Камп Ноу“.

Поради тоа „кралскиот“ клуб одлучи играчите на Реал Мадрид да не излегуваат од авион ако не им биде гарантирана безбедноста во Барселона.

Ова е сосема очекувана реакција на Реал, па сигурно дека во наредните денови повторно ќе има тензии на релација Мадрид – Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…