Дома Македонски спорт Мак фудбал Играчите на Борец застанаа зад Анѓушев: Не стојте на патот на нашиот успешен проект!

Играчите на Борец застанаа зад Анѓушев: Не стојте на патот на нашиот успешен проект!

Откако Кочо Анѓушев најави дека би можел да го напушти Борец следуваа бројни негодувања, прво реагираа „Гемиџиите“, а сега се огласија и фудбалерите.

Фудбалерите на македонскиот прволигаш застанаа зад првиот човек и го посочија Анѓушев како човек кој е заслужен за успесите на клубот во последните години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соопштението од фудбалерите ви го пренесуваме во целост:

“Деновиве сме сведоци на разни теми и случувања околу Нашиот клуб. Ние како играчи во клубот максимално стоиме и го поддржуваме нашиот претседател во сите одлуки. Воедно, упатуваме апел да не се стои на патот на успешниот проект кој ќе носи многу успех и радости во Велес и спортот, а секако најголем „виновник“ е компанијата Брако, која што има финансиска моќ за Борец да биде тоа што е денес. Ние како професионалци нашите обврски ги исполнуваме во целост и се подготвуваме за првенството во кое очекуваме голем заеднички успех на ФК Борец, градот Велес и секако нашиот дванаесетти играч, навивачката група „Гемиџии“ која што дава максимална поддршка до нас и сопственикот на клубот. Целата ситуација не загрижува нас играчите, сите работници во клубот и навивачите. Се надеваме дека проблемот ќе биде решен во најкраток период и нема да останеме на цедило. За доброто на Велес, на ФК Борец и спортот. Велес е Борец, Борец е Велес“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…