Дома Фудбал „Играме за шпански трофеј во Саудиска Арабија, ова е само за пари“

„Играме за шпански трофеј во Саудиска Арабија, ова е само за пари“

Атлетик Билбао во четврток го чека полуфиналнот натпревар од шпанскиот Суперкуп.

Шпанскиот Суперкуп и оваа година се игра во Саудиска Арабија, а првиот полуфинален натпревар се игра утре кога се сретнуваат големите ривали Барселона и Реал Мадрид.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипите веќе допатуваа во Саудиска Арабија, но не се воодушевени што ова натпреварување се игра токму во оваа земја. Искусниот напаѓач на Атлетик Билбао, Раул Гарсија отворено ги критикуваше челниците на Ла Лига затоа што ова натпреварување се игра повторно надвор од Шпанија.

„За мене играњето на Суперкупот во Саудиска Арабија нема смисла. Ова е шпански трофеј, а ние за него се бориме во друга земја. Фудбалот се менува, повеќе не се размислува за навивачите, важно е само да заработите пари. Се забораваат основите на фудбалот, тоа е уживање во него со семејството“, изјави Гарсија.

Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп се игра во недела со почеток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…