Дома Македонски спорт Ивановски со најдобар резултат на 1.500 метри

Ивановски со најдобар резултат на 1.500 метри

Дарио Ивановски кој беше единствениот македонски атлетичар на СП во Бирмингем во сала денеска во квалификациите на 1.500 метри постави свој најдобар резултат на оваа делница.

Ивановски го освои 17-то место во вкупен пласман во конкуренција на 22 атлетичари, а двајца од пријавените не стартуваа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нашиот единствен претставник на ова СП за половина секунда не успеа да го собори македонскиот рекорд. Ивановски со ова ја потврди добрата форма откако на Балканијадата во Истанбул беше четвртопласиран на 3.000 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…