Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија неколку пати се споменуваше како краткорочно решение за одбраната на Барселона.
Барселона во последниот период имаше проблем со одбраната, па како можно решние се наметнува Бранислав Ивановиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега и самиот фудбалер не ја затвори вратата за трансфер во јануари.
„Задоволен сум во Зенит, но во фудбалот никогаш не знае што може да се случи утре. Можам да кажам само дека во овој момент давам се од себе за Зенит“, изјави Ивановиќ за клупскиот сајт.
Ивановиќ иначе е рекордер по бројот на настапи за Србија (105).
Како што споменавме Ивановиќ во Барселона би бил краткорочно решение, додека на лето Барселона не доведе нов дефанзивец.
https://www.youtube.com/watch?v=03xVedJ5o3M