Дома Останати Иванишевиќ: Ѓоковиќ се бори сам со себе

Иванишевиќ: Ѓоковиќ се бори сам со себе

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ беше номиниран за наградата за најдобар тренер за 2023 година.

Хрватот објасни дека не е лесно да се работи со Ѓоковиќ, особено кога работите не му одат од рака.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Каков е Новак? Најдобро би било да го опишете како директор на корпорација. Неговите успеси го издвоија од другите, но тој зависи од профит. Како што загубите влијаат на корпорацијата, така влијаат и на него. Ако губи му паѓа вредноста на пазарот, а Новак како и секој врвен тенисер тоа тешко го поднесува“, рече Иванишевиќ.

„Лут сум му бидејќи некогаш без потреба вика на нас, но знам дека не е лесно да се справиш со пораз по загубен меч. Тој се бори сам со себе. Јасно ми е и дека не е лесно да најдеш мотивација кога ќе освоиш се, но добро е што се уште успева да најде мотив“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Промена на Вимблдон: Ѓоковиќ ќе игра во друг термин на стартот на турнирот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се впушта во освојување на титулата на Вимблдон, а негов пр…