Дома Фудбал Италија Ибра слета во Милано: Конечно сум дома

Ибра слета во Милано: Конечно сум дома

Златан Ибрахимовиќ доцна синоќа слета во Милано, а денес и официјално ќе стави потпис на новиот договор со Милан.

Двете страни конечно најдоа заеднички јазик, па 38-годишниот напаѓач и следната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес и ќе биде најплатен играч во тимот со плата од 7 милиони евра.

„Сакав да се вратам дома, сега можам да започнам со работа која ќе донесе уште подобри резултати. Како што и кажав претходно, не сакам да бидам маскота, туку да носам резултати. Да го вратам Милан како што треба да биде. Имавме шест одлични месеци, но сеуште не освоивме ништо“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен го разгледува Ник Попе како замена за Нојер

Баерн Минхен размислува за ангажман на голманот на Њукасл Јунајтед, Ник Попе, како дел од …