Кариерата на еден фудбалски судија не е лесна, а најдобро е кога се споменуваат што помалку во медиумите и во текот на ТВ преносите.
Сепак, еден од оние кој ќе остане запаметен во Франција, но и во Европа долго време е Тони Чапрон кого многумина го паметат по две работи. Првата е што во 2015 година не сакаше да му ја даде топката на Златан Ибрахимовиќ откако постигна хет-трик, а втората епскиот црвен картон на играчот на Нант, Диего Карлос.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ќе потсетиме, тогаш Чапрон се сопна на ногата на Карлос, по што стана и му покажа црвен картон со што стана вистински хит на друштвените мрежи.
https://www.youtube.com/watch?v=sloURWMK4ks
Сега за „BBC“ тој објасни зошто одлучил да не му ја даде топката на Ибрахимовиќ.
„Тој тогаш дојде многу блиску до мене, покажа со прстот и само ми кажа: Топката! Јас имам четири ќерки…Кога сме заедно и кога нешто ќе ме прашаат, ако на крајот не постои зборот „те молам“ нема да има реакција од моја страна. Значи, исто беше и во таа ситуација, тоа е работа на лична култура. Тоа е неодстаток на образование и општа култура. Веројатно јас сум единствениот кој му кажал не на Златан“, објасни Чапрон.