Дома Фудбал Италија Ибра му се налути на Пиоли: Следниот пат немој да ме вадиш!

Ибра му се налути на Пиоли: Следниот пат немој да ме вадиш!

Милан синоќа одигра уште еден одличен натпревар и оствари висока победа од 5:1 над Болоња.

Тренерот Пиоли на триесетина минути пред крајот го извади од игра Ибрахимовиќ при резултат 4:1, а тоа воопшто не му се допадна на Швеѓанецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Следниот пат немој да ме вадиш. Сакам да постигнам гол“, му се обрати Ибра на својот тренер.

После натпреварот Пиоли призна дека Ибра негодувал, но истакна дека не разбрал што точно му рекол.

„Знам дека негодуваше, ниту еден фудбалер не сака да биде заменет. Ми рече нешто, но не го разбрав што зборуваше. Нормално е да биде нервозен, но моја работа е да ги одморам фудбалерите затоа што напорите се навистина големи поради згуснатиот ритам“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …