Дома Фудбал Италија Ибра: Мбапе е елегантен, Халанд опседнат за голови

Ибра: Мбапе е елегантен, Халанд опседнат за голови

Еден од најдобрите напаѓачи во поновата историја, Златан Ибрахимовиќ даде свој коментар за младите ѕвезди Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Во моментов овие двајца млади фудбалери се најпосакувани во светот и уште сега рушат рекорди, па им се предвидуваат големи кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибра го спореди Мбапе со Роналдо „Феноменот“, додека за Халанд смета дека е опаседнат за голови.

„Кого сакам меѓу младите? Сакам елегантни фудбалери, кои се комплетни. Кога си фудбалер, знаеш како да се движиш, како да размислуваш и да се однесуваш. Ги сакам тие што ги предвидуваат работите пред да се случат. Мислам дека Мбапе ме потсетува малку на Роналдо, Ел Феноменo, неговата игра е многу елегантна“.

„Халанд е исто така многу силен, бидејќи е опседнат со постигнување голови. Гледам дека е многу интелигентен, само сака да постигнува гол и знае како да го направи тоа”, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…