Дома Фудбал Италија Ибра заплакал на последниот тренинг, во недела последен пат ќе игра на Сан Сиро

Ибра заплакал на последниот тренинг, во недела последен пат ќе игра на Сан Сиро

Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната, барем така откриваат пријатели на искусниот фудбалер.

Напаѓачот на Милан најверојатно го игра последниот натпревар во недела против Аталанта на Сан Сиро.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Оваа информација ја објави човекот кој работеше со Ибрахимовиќ на документарен филм по неговото враќање во Милан и уредник на „Скај Италија“, Ди Стефано испрати порака до јавноста.

„Толку многу добри вести за Милан во последно време и сега жал ми е ова да го објавам. Ибрахимовиќ ја завршува кариерата на крајот на сезоната. Добив информација од еден негов соиграч дека Ибра се расплакал на тренинг. Сепак, тој игра под инекции, иако има големи болки. Златан не тренира со екипата од вторник до петок, зашто го боли коленото, но не попушта и сака да им помогне на колегите да го освојат Скудетото“, напиша Ди Стефано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…