Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ со два гола ја реши Болоња?

Ибрахимовиќ со два гола ја реши Болоња?

Милан со победа над Болоња ја отвори сезоната, а херој за „росонерите“ повторно беше Златан Ибрахимовиќ.

Иако наредниот месец ќе наполни 39 години, очигледно годините се само бројка за Ибрахимовиќ кој сезоната ја отвори со два гола.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милан од самиот старт го диктираше темпото и создаваше шанси, а во 35 минута Ибра после одличната асистенција на Тео Хернанес постигна мајсторски гол со глава за предност на „росонерите“.

На почетокот на второто полувреме судијата покажа на белата точка после стартот над Бенасер, а сигурен реализатор беше Ибрахимовиќ во 50-та минута. Ибра имаше шанса и за хет –трик,  но промаши празен гол само неколку минути подоцна.

„Росонерите“ до крајот рутински го контролираа мечот, а Тонали и Брахим Дијаз го запишаа својот деби настап за Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крос му „договара“ големо засилување на Реал Мадрид!?

Германската ѕвезда од Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, игра со самодоверба веќе една година…