Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Само еден Роналдо е вистинскиот

Ибрахимовиќ: Само еден Роналдо е вистинскиот

Златан Ибрахимовиќ имапе големо интервју за магазинот „GQ“ во кое помеѓу останатото најави и враќање во Серија А, но и испрати мала провокација во Роналдо.

„Во фудбалот не важно само во која екипа играте мора да се поклопат мног уработи, дури и барањата на моето семејство. Наскоро се гледаме во Италија“, изјави Ибрахимовиќ, па потоа зборуваше за можната средба со Роналдо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Вистинскиот Роналдо е само оној бразилскиот“.

Не е ова прв пат Ибрахимовиќ јавно да го критикува Роналдо. Откако Модриќ минатата година ја освои Златната топка, Ибрахимовиќ изјави дека Роналдо Златните топки претходно ги освојувал само поради Флорентино Перез.

„Тој не е природен талент, туку плод на напорна работа. За него предизвик бил трансферот во Јувентус? Глупости, отиде во клуб кој освои седум титули во низа во Италија и тоа не е никаков предизвик. Предизвик да се отиде во Јуве беше кога клубот беше во втора лига“, изјави Ибрахимовиќ кога Роналдо потпиша со клубот од Торино.

Очекувањата се Ибрахимовиќ во јануарскиот преоден рок да се пресели во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повреди над 130 навивачи на прославата на Ливерпул, па доби 21 година затвор

Човекот кој повреди 134 лица кога со автомобил влета меѓу навивачите на Ливерпул што ја пр…