Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ полн со самодоверба: Јас сум најголема закана за цела лига

Ибрахимовиќ полн со самодоверба: Јас сум најголема закана за цела лига

Наредниот викенд стартува новата сезона во МЛС лигата. Поточна, нејзиниот регуларен дел. Во фокусот сигурно ќе биде најголемата ѕвезда во оваа лига, Златан Ибрахимовиќ со неговиот ЛА Галакси.

Искусниот Швеѓанец се спрема за својата втора сезона во МЛС лигата откако во првата покажа дека се уште не е за „старо железо“, иако зад себе има тешка повреда во дресот на Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Самиот Ибрахимовиќ се спрема за уште една подобра сезона. Откако заврши на втората позиција во гласањето за МВП за сезоната (зад најдобриот стрелец во лигата Жозеф Мартинез), сега најави историска.

„Себеси се гледам како најголема закана за сите противници во целата лига“, порача Ибрахимовиќ.

Во Галакси после разочарувачката и неуспешна сезона во трката за плеј-офот направија неколку промени со цел Ибрахимовиќ да ја исполни својата „закана“. Најважна е промената на клупата каде што пристигна поранешниот тренер на Бока, Гиљермо Барос Скелото.

Ибрахимовиќ изминатата сезона ја заврши со 22 погодоци и 10 асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=nxZKdCZdueo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се …