Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ од фудбалот ќе се збогува со натпревар против Србија

Ибрахимовиќ од фудбалот ќе се збогува со натпревар против Србија

Легендата на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ на 8. јуни ќе го одигра последниот натпревар во кариерата.

Ибрахимовиќ во Стокхолм ќе го облече дресот на Шведска во пријателскиот натпревар против Србија. Настапот на Ибрахимовиќ го потврдија од Фудбалскиот сојуз на Србија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Посебно задволство ни претставува фактот што со натпреварот против Шведска во Стокхолм од фудбалот ќе се прости Златан Ибрахимовиќ“, објави фудбалскиот сојуз на Србија.

Минатата година Златан како играч на Милан ја заврши кариерата, а засега не е познато дали во натпреварот против Србија Ибрахимовиќ ќе игра или пак ќе го изведе само почетниот удар.

Дресот на репрезентацијата на Шведска Ибрахимовиќ го носеше на 122 натпревари и во нив постигна 62 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар го декласира Работнички во скопското дерби

Вардар продолжи со сигурните настапи во Првата лига и запиша убедлива победа во градското …