Дома Фудбал Ибрахимовиќ му удри шлаканица на Јовиќ, а реакцијата на Лука беше апсолутен хит!

Ибрахимовиќ му удри шлаканица на Јовиќ, а реакцијата на Лука беше апсолутен хит!

Фудбалерите на Милан славеа против екипата на Рен со 3:0, во првиот натпревар од плејофот на Лига Европа, а српскиот фудбалер Лука Јовиќ целиот натпревар го мина на клупата за резерви.

Сепак, ништо не го спречи Јовиќ да биде расположен, иако доби „шамар“, и тоа од Златан Ибрахимовиќ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Швеѓанецот со насмевка му удри шлаканица на Србинот во знак на поздрав, а иако Јовиќ се обиде да го избегне сето тоа, тој само се насмевна и продолжи по патот кон теренот.

Познато е дека Ибра е голем фан на Јовиќ и дека веќе некое време се обидува да ја убеди управата на Милан да го купи од Фиорентина, бидејќи Србинот моментално е на позајмица во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…